ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Deadline: Жоржињо во Арсенал, Канселу во Баерн, Зијеш во ПСЖ

Три интересни трансфери се случија на последниот ден од зимскиот преоден рок, кој на Стариот континент се затвора вечерва.

Мароканскиот крилен напаѓач Хаким Зијеш, кој импресионираше на Мундијалот во Катар, ги мина лекарските прегледи во ПСЖ и за реализација на трансферот се чека само Челси да ја прати потребната папирологија.

Со оглед на тоа што 29-годишниот Мароканец уште пред недела дена ги договори условите со ПСЖ, парискиот клуб се надеваше да ја избегне неизвесноста што ја носи последниот ден од преодниот рок, но сепак Челси малку ги одолговлечи работите пред конечно да го пушти. Со ПСЖ ќе потпише до 2025 година.

URL

Арсенал успеа да го договори италијанскиот играч од средниот ред Жоржињо, кој доаѓа исто така од редовите на Челси. Овој трансфер беше договорен експресно брзо откако Арсенал на градскиот ривал му понуди 12 милиони фунти, кои „Сините“ веднаш ги прифатија.

31-годишниот италијански репрезентативец со бразилско потекло веќе ги мина медицинските прегледи, а со „Топчиите“ ќе потпише до 2024 гдоина. На големо се шпекулираше дека на лето ќе замине во Барселона, но Микел Артета, според англиските медиуми, бил многу убедлив во убедувањето да се пресели во друга населба од Лондон.

URL

Минхенски Баерн се засили со португалскиот десен бек Жуау Канселу кој експресно си замина од Манчестер Сити по кавгата со Пеп Гвардиола. Тука не станува збор за трансфер туку за шестмесечна позајмица, но Баерн на лето ќе може да го откупи за 70 милиони евра.

Канселу уште синоќа пристигна во Минхен, ги мина лекарските прегледи, а денес стави и потпис на договорот. Ќе го носи истиот број што го имаше и во Сити - 22.

URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе