По смртта на кралицата

Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза

Смртта на кралицата Елизабета Втора значи дека синот на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи Маунтбатен-Виндзор, сега е принц – титула што неговата мајка, Меган Маркл тврдеше дека му е одбиена поради неговата раса. Слично и помалата нивна ќерка – Лилибет „Лили“ има право да биде принцеза, по крунисувањето на нејзиниот дедо, кралот Чарлс Трети.

Начелата поставени од прадедото на Хари, кралот Џорџ Петти, уште во 1917 година дозволуваат да им се даваат кралски титули на децата на синовите на кралот (т.е. неговите внуци). Додека кралицата беше на власт, децата на Хари беа нејзини правнуци. Сега кога Чарлс го презеде престолот, децата на Хари официјално се внуци на монархот, па ги исполнуваат условите.

Правилото од 1917 година обезбедува кралски титули за децата на кралот и на најстариот син на кралот (што би значело синот на принцот Вилијам – принцот Џорџ), дури и пред смртта на кралицата.

Иако Арчи и Лили сега можат да ги користат кралските титули, прашање е дали ќе ги користат. Гласините велат дека Хари и Меган одлучиле да не му го дадат епитетот Ерл од Дамбартон, на Арчи, кога се родил, бидејќи биле загрижени дека ќе биде малтретиран поради тоа.

Во „Шоуто на Опра Винфри“ лани, Меган рече дека некои луѓе во палатата не се заинтересирани за тоа Арчи да ја добие титулата принц, поради „темната кожа кога се родил“.

На прашањето дали би сакала Арчи да има кралска титула, Меган одговори:

„Ако тоа значеше дека ќе биде безбеден, тогаш – секако“.

По смртта на кралицата, Хари сега е петти во редот за престолот, а Арчи и Лили би биле шести и седми, соодветно. Титулата принц и принцеза може да им се одземе само ако нивниот дедо Чарлс го промени протоколот откако ќе дојде на престолот. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе