Џејмс незадоволен по успехот на Лејкерс

Лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс продолжува да не покажува емоции по уште една победа за „езерџиите“.

Лејкерс поведоа со 2-0 против Мајами Хит (124:114) во финалето на НБА, но „Кралот“ е свесен дека работата сè уште не е завршена.

Трикратниот шампион не изгледаше задоволен од играта во одбрана на својот тим, но вети дека ќе го сменат тоа на третиот натпревар.

– Јас, тренерот и Еј Ди (Ентони Дејвис) не бевме задоволни од нашиот перформанс во одбраната вечерва. Знаеме дека можеме многу подобро во оваа фаза од играта. Дејвис и јас не сме задоволни само од победата. Ние сакаме да бидеме совршени во сите 48 минути на паркетот. Знам дека го кажав тоа по првиот натпревар, но со нетрпение очекувам да го гледам мечот повторно со моите соиграчи за да видиме како можеме да се претставиме подобро. Играме против многу опасен противник кој секогаш има пет играчи на паркетот кои се опасност за нас… Дефинитивно не бевме задоволни од нашата одбрана вечерва и знам дека ќе бидеме на многу повисоко ниво во дуелот бр.3, рече Џејмс на прес-конференцијата по натпреварот .

Играчите на Френк Вогел го победија Мајами Хит во натпреварот бр.2 од финалето, совладувајќи ги со конечни 124:114 (29:23, 39:31, 35:39, 21:21).

Леброн постигна 33 поени, зеде 9 скока и направи 9 асистенции, не правејќи грешки во нападот и постигна 14 од своите 25 обиди од игра. Ентони Дејвис беше немилосрден со 32 поени и 14 скока при шут од поле 15/20, Ражон Рондо забележа „дабл-дабл“ од 16 поени и 10 асистенции за 26 минути, а Кентевиус Калдвел-Поуп и Кајл Кузма погодија секој по 11 поени.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе