КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Денешниот датум не е таличен за фудбалерите

Филип Здравески
/ 29.03.2022 / 09:41

Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра натпревар за историја, а ако судиме според традицијата, тогаш денешниот датум е најлошата можна опција за играње фудбал за нас.

Фото: ФФМ

Симболиката на датумите не влијае врз конечниот резултат на спортските натпревари. Барем досега никој не успеал да го докаже спротивното. Но, многумина веруваат во силата на броевите, па ако одиме по таа логика тогаш 29 март е тотално несреќен за македонската репрезентација.

Така вели историјата.

Македонија на денешен ден одиграла три натпревари и сите три ги загубила, вели MacedonianFootball, колос за фудбалска статистика на македонската медиумска сцена.

Овој датум е толку баксузен за над што не само што сме забележале само порази, туку не сме успеале да постигнеме ниту гол.

Првиот неуспех на денешен ден датира од 2000 година кога игравме пријателски натпревар против Босна и Херцеговина во Зеница и загубивме со гол примен во 89-тата минута, дело на поранешниот дефанзивец Мухамед Коњиќ.

Тогаш настапија: Антонио Филевски (46' Ока Николов); Горан Ставревски, Милан Стојаноски (84' Горан Лазаревски), Гоце Седлоски, Бобан Бабунски, Жарко Серафимовски (86' Сашо Здравевски), Раде Каранфилоски (70' Благојче Ѓорѓиоски), Тони Мицевски (к) (65' Марјан Герасимовски), Ѓорѓи Христов, Саша Ќириќ и Артим Шаќири, неискористена резерва останал Зоран Мисердовски, а на клупата бил Драги Канатларовски, сегашниот селектор на репрезентацијата до 21 година.

Remote video URL

Вториот неуспех доаѓа во 2003 година кога во Скопје нѐ посети Словачка во квалификациите за пласман на ЕУРО 2004. Тогаш тој пораз од 0:2 беше големо разочарување со оглед на тоа што Словаците не важеа за многу подобра репрезентација. Мартин Петраш во 28. и Љубомир Рајтер во 90. минута ги постигнаа головите.

Македонија тогаш настапи во состав: Петар Милошевски, Агиналду Брага, Сашко Лазаревски (81' Ацо Стојков), Гоце Седлоски, Игор Митрески, Величе Шумуликоски (51' Илчо Наумоски), Игор Јанчевски, Миле Крстев, Сашо Крстев (61' Влатко Грозданоски), Артим Шаќири (к) и Горан Пандев, а на клупа останаа голманот Јане Николоски, Ванчо Трајанов, Сашо Здравевски и Бобан Грнчаров. Селектор беше Никола Илиевски.

Третиот и, се надеваме, последен неуспех датира од 2016 година кога во Скопје на пријателска допатува соседна Бугарија и си замина со победа од 2:0. Стрелаа Димитр Рангелов во 65-та Александар Тонев во 87. минута.

Македонија беше предводена од Игор Ангеловски, а настапија: Столе Димитриевски; Стефан Ристовски (74' Мите Цикарски), Кире Ристевски (74' Горан Силјановски), Ванче Шиков, Леонард Жута, Остоја Стјепановиќ (60' Арменд Алими), Никола Глигоров, Агим Ибраими (76' Илија Несторовски), Горан Пандев, Иван Тричковски и Адис Јаховиќ (61' Јован Костовски), а на клупа остана голманот Мартин Богатинов.

Remote video URL

Традицијата постои да се руши и тоа ни дава право да се надеваме дека оваа симболика нема апсолутно никакво значење, туку е е само еден статистички податок кој, ете, по некоја случајност не ни оди во прилог.

Вечерва на тревата во Порто не играат бројките, туку играат 11 рисови желни за победа, желни за Мундијал, желни за историја.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе