Денеска Велешки пливачки маратон 2022

На велешкото езеро Младост денеска ќе се одржи 9-тиот Велешки пливачки маратон на 2,5 километри за рекреативци и за професионалци на 2,5, 5 и на 10 километри, што е олимписка дисциплина.

Како новина годинава е трката на 800 метри за деца до 12 години. Еден круг од патеката во езерото ќе биде во должина од 1.250 метри.

Организатор е Општина Велес и Здружението за спорт и рекреација Клуб 28 со повеќе спонзори, а под покровителство на Пливачката федерација на Македонија.

За безбедноста на учесниците ќе се грижат 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст, како и 30 кајакари од велешките кајак клубови.

Досега се пријавиле 40-ина учесници од пливачките клубови во земјава и рекреативци, како и пливачи од Бугарија и Косово, информира меѓу другото Или Попов од организациониот одбор.

Меѓу познатите македонски маратонци и годинава учество ќе земат најдобрите македонски маратонци Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски.

Регуларноста на пливачкиот маратон ќе ја следи и бодува Зоран Величковски, судија на ПФМ.

Инаку, оваа е последна четврта трка за бодување од македонскиот Куп во далечинско пливање.

Организаторот најави дека догодина 10-тиот јубилеен Велешки пливачки маратон 2023 година ќе биде дел од Европскиот куп во далечинско пливање, за што постапката била веќе започната.

Во својство на домаќин градоначалникот Марко Колев потенцира дека освен комуналната инфраструктура, главни приоритети во неговата работа му се развој на културата и спортот и ги повика сите заинтересирани в недела претпладне да ги проследат трките во пливање.

Инаку, Општина Велес за оваа спортска манифестација издвои 200 илјади денари од општинскиот буџет. Паричните награди за најдобрите учесници во сите дисциплина за мажи, жени и деца како и во изминатите години ќе ги обезбеди Вулканизер Дине како спонзор кој секоја година го подржува маратонот, а и самиот со своите синови е еден од највозрасните учесници рекреативци на пливачкиот маратон.

Учесниците, како и во изминатите години преку клубовите, додека рекреативците учесници сами треба да си обезбедат медицинска белешка од спортска медицина за нивната здравствена состојба. Воедно, учесниците според правилата, од лекарска екипа ќе бидат проверени и непосредно пред натпреварот, најавија организаторите.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе