Пејачката и актерка Џенифер Лопез ја објави свршувачката со глумецот-режисер Бен Афлек, 18 години откако тие двајцата првпат ја прекинаа љубовната врска.
Американските медиуми претходно објавија дека прстенот е со зелен дијамант обложен со смарагд. Нејзините гласноговорници ја потврдија свршувачката. Пејачката пак, објави и емотивно видео со зелениот прстен на нејзината рака.
Бен и Џенифер ја откажаа планираната свршувачка во 2003 година, а на почетокот на 2004 година објавија дека не се веќе во врска.
Ова ќе четврти брак за Лопез, а втор за три години помладиот актер. Таа претходно беше во брак со актерот Ојани Ноа, танчарот Крис Џад и пејачот Марк Ентони, со кој ги има 14-годишните близнаци Макс и Еми.
Афлек пак, беше во брак со актерката Џенифер Гарнер со која ги има децата Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10).