Деветнаесет луѓе се камшикувани на североистокот на Авганистан поради прељуба, кражби и бегство од дома, соопштија од авганистанскиот Врховен суд.
Ова е првата официјална потврда дека некој во Авганистан е казнет со камшикување за престап, откако талибанците ја презедоа власта во август, 2021 година.
Иако по преземањето на власта ветија дека ќе бидат поумерени во однос на претходното владеење, почнаа строга примена на шеријатското право и ограничување на човековите и малцинските права.
Абдул Рахим Рашид, претставник од Врховниот суд, потврди дека на 11 ноември 10 мажи и 9 жени биле камшикувани по 39 пати во градот Талокан, во североисточната провинција Такар.
Казната била извршена во присуство на старешина, научник и жител во главната градска џамија, по петочната молитва.
Рашид не го откри идентитетот на луѓето, само соопшти дека нивните случаи биле проценети од два суда пред да им биде изречена казната.