Дикаприо донира 10 милиони долари за Украина, баба му е од Одеса

Леонардо Дикаприо донира 10 милиони долари како поддршка за Украина, земја со која лично е поврзан бидејќи неговата баба по мајка е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова.

Во 1917 година Јелена заедно со родителите емигрирала во Германија, каде е родена мајката на Дикаприо. Актерот бил многу близок со својата баба, која од самиот почеток на кариерата му е огромна поддршка. Позната како Хелене Инденбиркен, починала во 2008 година на 93 години, а скоро до крајот на животот се појавувала со внукот и ќерката на филмските премиери.

Информацијата дека актерот дал 10 милиони долари како поддршка на Украина не ја објави лично тој, туку меѓународна организација чија цел е да финансира поддршки од меѓународни иницијативи.

Актерот, номиниран за Оскар 6 пати, веќе шест години работи и како еколог, неодамна е вклучен во иницијативата на борба посветена против климатските катастрофи.

Бројни актери и режисери се вклучија во солидарност со украинскиот народ, а многумина собираат пари за конкретна помош на народот.

реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе