Дневен преглед на состојба со COVID-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 29.528.057 лица со коронавирусот COVID-19. Од нив, 934.230 пациенти починале, а 21.349.379 биле третирани.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 151 новозаразено лице со коронавирус и три смртни случаи. Во моментов има 2.107 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 13.749 лица заразени со вирусот, од кои 230 умреле, а 11.412 се излекувале.

Холандија има најголем број заболени од коронавирус за еден ден, дури 1.379, соопштија денеска здравствените власти на земјата. Бројот на нови случаи почна да расте од минатата недела, кога беа регистрирани 9,19 проценти повеќе отколку во првата недела од септември, покажуваат податоците на холандскиот Институт за јавно здравје.

Во Русија се регистрирани 5.529 нови инфекции, што е максимален број на пациенти за еден ден од 27 јули, соопшти Кризниот центар. Во текот на последните 24 часа во земјата умреле 150 лица, што е голем скок во споредба со вчерашните 57, пренесува Тасс.

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 82 нови случаи на коронавирус, а беа тестирани 2.247 лица. Од почетокот на пандемијата, заразени се повеќе од 3.800 лица, од кои 907 се активни случаи. Бројот на умрени останува 135, бидејќи веќе 10 дена нема нови смртни случаи од COVID-19.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина беа забележани 292 нови случаи на инфекција со коронавирус и девет смртни случаи. Заклучно со денеска вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 426 лица.

Во последните 24 часа се потврдени уште 74 случаи на COVID-19 во Србија, додека две лица умреа, со што вкупниот број на жртви на коронавирусот достигна 735, соопшти веб-страницата covid-19.rs.

Во Словачка во последните 24 часа се потврдени 188 нови случаи на коронавирус, што е речиси 3,5 пати повеќе од претходниот ден кога беа регистрирани 48 случаи, објави денеска Центарот за национално здравје. Во истиот период биле тестирани 4.323 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 390.251, пренесе Тасс. Како што е наведено, од почетокот на пандемијата во Словачка, потврдени се 5.768 случаи на COVID-19, додека 38 лица умреле.

Во Косово во изминатите 24 часа едно лице умрело, 71 се новозаболени и 199 излекувани од COVID-19. Вклучувајќи ги најновите официјални статистички податоци, од почетокот на епидемијата досега имало 601 жртва на пандемија и 14.763 заразени во земјата.

Во Албанија за последните 24 часа има 152 нови случаи со COVID-19, 53 закрепнале, а две лица ја загубиле битката со болеста.

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на COVID-19, односно 310, а починаа три лица. Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 13.730 лица, а на починати на 313 лица.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе