Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.560.696 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 583.525, а оздравеле 7.913.767 луѓе.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 27 нови случаи, од кои четири се од направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 3.910 позитивни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица од 375 анализирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од вирусот е 16. Бројот на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.522. Повеќето нови пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи.

– Во Хрватска за изминатите 24 часа се регистрирани 92 новозаразени лица со што вкупниот број се зголеми на 3.953, од кои 1.204 се активни. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, тестирани се 97.424 лица, 1.804 во последните 24 часа.Нема смртни случаи за 24 часа. Денешниот број на новозаразени е речиси двојно поголем во однос на вчерашниот.

– Во Словенија потврдени се 19 нови случаи на заразени со што се зголеми вкупниот број на 1.878 од почетокот на епидемијата. Од тековните активни случаи, 16 од се хоспитализирани, а во последните 24 часа не е забележан смртен случај. Во последните неколку недели, се чини дека домовите за нега на стари луѓе повторно стануваат потенцијални жаришта, што укажува на фактот дека две одделенија и четворица вработени се разболеле во домовите во Випава и Харастник.

-Во Косово вчера се извршени 420 тестирања за COVID-19, од кои позитивни резултирале 119 лица. Со тоа, бројката на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата се искачи на 5.237. Од нив, 112 се починати, додека, вклучително вчерашните 92, излекувани се 2.462 лица. Активни носители на новиот коронавирус, според последните официјални информации, се 2.663 лица, од кои речиси половина во главниот град, Приштина.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе