Додека Европејците учат англиски, цел Балкан учи германски на Duolingo

Филип Здравески
/ 21.02.2024 / 15:51

Додека поголемиот дел од Европа најпопуларната апликација за узучување јазици ја користи за англиски, речиси цел Балкан е посветен на германскиот јазик.

Доколку на политичката карта на Европа се обележат државите со различна боја според најпопуларниот јазик кој се изучува на апликацијата Duolingo, ќе се добие една неверојатна статистика.

Речиси цела Европа, од Португалија до Русија, учи англиски јазик. Тука влегуваат и Шпанија, Андора, Франција, Монако, Белгија, Холандија, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Италија, Малта, Сан Марино, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија, Украина, Белорусија, Литванија, Латвија, Естонија, Русија, Турција, Кипар и Грција.

Северна Европа, поточно земјите од Скандинавија и Британските Острови, пак, најмногу учат шпански јазик. Тоа се Ирска, Обединето Кралство, Исланд, Норвешка, Данска и Финска.

Во оваа група недостасува само Шведска. Тоа е така затоа што во Шведска на Duolingo најмногу се изучува шведскиот јазик. Нормално дека Швеѓаните не користат апликација за да си ги подобрат вештините по нивниот мајчин јазик. Причината е друга. Имено, бројот на имигранти во Шведска постојано расте, па оттаму и потребата да се изучува официјалниот јазик на оваа скандинавска држава.

Францускиот јазик, некогаш најмасовниот изучуван во целиот свет, денес во Европа е најпопуларен единствено во една држава - малиот Луксембург. Со оглед на тоа што е еден од трите официјални јазици на оваа земја, веројатно на Duolingo го изучуваат оние од германското говорно подрачје и имигрантите, кои исто така ги има во сѐ поголем број во Луксембург, а кои воглавно се од другите европски земји.

И на крајот остнаа неспомнати уште 9 држави и тоа: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Албанија и Бугарија. Она што е заедничко кај овие балкански земји е тоа што кај сите најпопуларен јазик за изучување на Duolingo е германскиот јазик. Тоа воопшто не е изненадувачки со оглед на фактот што токму овие земји се склони кон имиграција во Германија, Австрија и Швајцарија, земји каде германскиот е официјален јазик.

Некој би се запрашал зошто Словенците се во оваа група, кога нивната земја е светлосни години пред останатите балкански земји и го нема истиот проблем со емиграцијата. Едноставно, како јужен сосед на Австрија, имаат доста потреба од германски јазик за соработка и бизнис.

реклама

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Read more

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Read more

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Read more

Вести

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Read more

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Read more

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Read more

Gemini AI шпионира сè што пишувате во Gmail?

Read more
 

Гик

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе

Google Play ќе предупредува ако некоја апликација може побрзо да ја испразни батеријата

Читај повеќе