Документарецот за мафијашот Готи за три дена ги освои гледачите

Позитивните коментари за новиот документарец на Netflix за Џон Готи - „Get Gotti“ - ги преплавија социјалните мрежи, а корисниците ги повикуваат останатите да го гледаат.

Документарецот ја раскажува приказната за Џон Готи, шеф на една од најмоќните американски мафијашки организации - семејството Гамбино. Серијата пристигна на Netflix пред само три дена, но тоа беше доволно за гледачите да ја испофалат на социјалните мрежи.

Готи - со прекар Д Дајпер, или Тефлон Дон - наредил и помогнал во извршувањето на атентатот на шефот на Гамбино, Пол Кастелано, по што го презеде водството на семејството познато по коцкање и дилање дрога.

Се вели дека семејството Гамбино во една фаза остварило годишен приход од 500 милиони долари.

И покрај тоа што беше ослободен по три судења во 80-тите, Готи подоцна беше фатен од ФБИ - потпомогнат од неговата десна рака Салваторе Гравано - и осуден по повеќе обвиненија во 1992 година, вклучувајќи затајување данок и пет убиства, на доживотен затвор без можности за условно ослободување.

Поголемиот дел од времето го помина во затвор во самица, за подоцна да биде префрлен во Медицинскиот центар за федерални затвореници на САД во Спрингфилд, Мисури, откако му беше дијагностициран рак на грлото, па се врати назад по операцијата.

Готи почина во 2002 година поради болест на 61-годишна возраст.

Неговиот живот е инспирација за неколку ТВ серии и филмови, како што е филмот „Getting Gotti“ на CBS објавен во 1994 година. Гледачите на новата серија на Netflix веќе се ентузијасти за документарниот филм, иако тој пристигна на платформата пред само три дена, а на социјалните мрежи ги напишаа своите критики.

„Ако сакате мафијашки емисии/филмови, дефинитивно ви го препорачувам 'Get Gotti' на Netflix“, „'Get Gotti' на Netflix мора да се гледа! Документарните филмови за мафијашките босови се најдобри 10/10“, „'Get Gotti' е одличен“, се само некои од сличните коментари.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе