Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

На азиските берзи цените на акциите паднаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите веруваат дека намалувањето на каматните стапки од страна на кинеската централна банка не е доволно за значително да го стимулира економскиот раст.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше намален за 0,6 отсто околу 7 часот, откако ослабна втор ден по ред.

Утрово јапонскиот индекс Никеи се лизна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 1,5 отсто. Во Австралија, пак, тие се зголемени за 0,9 отсто.

Кинеската централна банка утринава ги намали клучните каматни стапки за 0,10 процентни поени за да го поттикне економскиот раст.

Сепак, тоа особено не ги охрабри инвеститорите, кои сметаат дека е потребен целосен пакет фискални и монетарни стимулативни мерки.

Низа неодамнешни податоци укажуваат на значително побавен раст на кинеската економија од очекуваниот по укинувањето на рестриктивните мерки за коронавирусот.

„Веројатно ќе треба да го почекаме состанокот на Политбирото на почетокот на јули за нова рунда од целосниот стимулативен пакет“, вели Родриго Катрил, стратег во Националната австралиска банка.

Внимателни се и инвеститорите поради немањето насока од Вол Стрит, со оглед на тоа што во понеделникот немаше бизнис во САД поради празник.

Американските фјучерси индекси моментално се во блага негатива, што навестува благ пад на цените на акциите на почетокот на денешното тргување на најголемата светска берза.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,33 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 142,25 јени.

Незначително зајакна и американската валута во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0915 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0935 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,08 отсто, на 76,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,38 отсто, на 70,79 долари.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе