Доларот паѓа трет ден по ред, цената на нафтата расте

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути паѓа трет ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,10 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 133,35 на 132,15 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0605 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0610 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,29 отсто, на 80,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,17 отсто, на 76,36 долари.

Азиските берзи благо пораснаа

На повеќето азиски берзи цените на акциите благо пораснаа во средата, како и на Волстрит еден ден претходно, но тргувањето е претпазливо бидејќи нема многу причини да се инвестира во поризични инвестиции.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, по два дена значителен пад беше во плус 0,4 отсто околу 7:00 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Шангај се лизнаа за околу 0,3 отсто, додека во Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто.

Најмногу утрово порасна австралискиот берзански индекс, благодарение на растот на цените на акциите на рударските компании, по падот од претходните денови.

Од друга страна, јапонскиот Nikkei индекс останува под притисок, откако челниците на централната банка на Јапонија вчера одлучија да ја олабават контролата врз приносите на обврзниците. Тоа е првиот чекор кон нормализирање на монетарната политика, по години на исклучително поддржувачка политика за поддршка на економијата.

Кинеските берзи, пак, сè уште се под притисок поради зголемувањето на бројот на заболени од COVID-19, откако властите ги олеснија рестриктивните мерки.

Големи предизвици

Аналитичарите велат дека олеснувањето на овие мерки треба да го поттикне растот на заспаната економија, но во следните неколку месеци следуваат големи предизвици, бидејќи се очекува силен пораст на бројот на заразени со Ковид.

Инвеститорите утринава донекаде беа охрабрени од растот на фјучерсот S&P 500 индексот на Волстрит од 0,5 отсто.

И вчера на најголемата светска берза индексите благо пораснаа, по четири дена пад. Dow Jones зајакна 0,3 отсто, додека S&P 500 за 0,1 отсто, а Nasdaq индексот 0,01 отсто.

Волстрит е под притисок од минатата среда, кога ФЕД соопшти дека каматните стапки би можеле да се зголемат на повисоки нивоа од очекуваното и да останат на тие нивоа подолго од очекуваното.

Инвеститорите се надеваа дека американската централна банка ќе ја ублажи својата реторика за инфлацијата и каматните стапки поради намалувањето на инфлациските притисоци во САД во последните месеци, но тоа не се случи.

Како што ФЕД продолжува да ги зголемува каматните стапки, инвеститорите стравуваат дека економијата ќе западне во рецесија, па тргувањето е претпазливо.

Вчера берзанските индекси благо пораснаа, по четири дена нагло опаѓање, но расположението на пазарот се уште не е добро бидејќи макроекономските податоци укажуваат на забавување на економскиот раст, што значи дека под притисок ќе бидат и приходите на компаниите.

Индексот S&P 500 е на пат за најголема годишна загуба од финансиската криза во 2008 година.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе