Доларот стабилен, цените на нафтата во пад

Азиските берзи се тргуваат претпазливо, како и на Волстрит претходниот ден, додека вредноста на доларот во однос на кошницата со валути е стабилна пред објавувањето на извештаите за инфлацијата во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 7 часот порасна за 0,1 отсто.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг и Јужна Кореја се лизнаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто. Во Австралија и Шангај, пак, тие се зголемија меѓу 0,5 и 1,1 отсто.

Јапонскиот индекс Nikkei, кој неодамна достигна рекордни нивоа, се балансира на работ на позитивна и негативна територија бидејќи еден од функционерите на тамошната централна банка изјави дека треба да се откаже од исклучително стимулативната монетарна политика, која се води со години.

Од друга страна, цените на акциите во Шангај значително пораснаа бидејќи инвеститорите очекуваат нови стимулативни мерки, со оглед на бавното закрепнување на економијата од кризата со корона.

Внимателно е и на останатите берзи, исто како и вчера на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,06 отсто, S&P 500 за околу 0,2, а Nasdaq индексот за 0,55 отсто.

По силниот раст на цените на акциите минатата недела, благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, пазарот беше претпазлив во последните денови, а Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордно ниво.

Како што помина шпицот на сезоната за објавување на деловните резултати на компаниите, во фокусот на инвеститорите се вратија макроекономските податоци и шпекулациите кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Неодамнешните податоци за потрошувачките цени покажаа дека инфлацијата во САД неочекувано порасна во јануари. Други податоци покажуваат дека економијата продолжува да расте значително и дека пазарот на трудот е солиден.

Затоа, челниците на ФЕД велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.

Поради сето ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД може да ги намали каматните стапки во март целосно исчезнаа. Се помалку има изгледи за намалување во мај, па сега на пазарот преовладува мислењето дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки на јунската сесија.

Така, инвеститорите претпазливо го очекуваат внимателно следениот извештај на ФЕД за Индексот на потрошувачките цени што треба да се објави во четврток.

Во анкетата на Reuters, аналитичарите очекуваат овие цени да пораснат за 0,3 отсто на месечна основа во јануари.

Доколку се покаже дека инфлацијата не попушта како што се проценува, пазарот би можел да се најде под притисок, имајќи предвид дека цените на акциите речиси континуирано растат во последните месеци.

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути е стабилна пред извештајот за инфлацијата.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,86 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,84 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,45 на 150,05 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во ова време беше 1,0840 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,07 отсто, на 83,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 78,50 долари.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе
  • play_arrow

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање – 60 години за жени, 62 за мажи

Читај повеќе

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Читај повеќе

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Читај повеќе