Доларот зајакна, цената на нафтата расте

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително се зголеми, по растот три недели по ред. Затоа е на пат за зголемување во јануари од околу 2 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,55 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,47 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 148,15 јени, колку што беше и во петокот навечер.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0855 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, дополнително пораснаа по минатонеделниот скок од над 6 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,34 отсто, на 83,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 78,30 долари.

Азиските берзи пораснаа на почетокот на неделата

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа во понеделникот, но тргувањето беше претпазливо, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, како и цената на нафтата.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,4 отсто околу 19 часот, продолжувајќи го својот раст од минатата недела.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за 0,8 отсто.

Растот на индексот во Хонгконг е благодарение на новите мерки на властите за поддршка на пазарот на капитал.

Сепак, на пазарот нема еуфорија бидејќи тргувањето со акциите на Евергранде, најголемата кинеска градежна компанија, беше прекината по одлуката на судот за ликвидација.

Дали ова ќе ја продлабочи повеќегодишната криза на кинескиот пазар на недвижности, останува да видиме.

Прашање е колку новите стимулативни мерки на кинеската централна банка, најавени за почетокот на февруари, ќе влијаат на забрзување на растот на кинеската економија.

Затоа на пазарите се тргува внимателно.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе