Долф Лундгрен: Иако е помлада 40 години, свршеницата ми го промени животот  

Шведскиот актер Долф Лундгрен низ текот на годините има снимено повеќе од 70 филмови, но најмногу е познат  по улогата на боксерот Иван Драго во „Rocky IV“. Тој има два брака зад себе и сега е свршен, а можеби и оженет за девојка која е скоро 40 години помлада од него.

63-годишниот Лундгрен ја побара за жена фитнес инструкторката Ема Крокдал во јуни минатата година. Откако на Instagram ја објавија свршувачката наидоа на потсмев и многумина под фотографијата прашуваа дали тоа е ќерка му, со оглед на тоа што има ќерка на нејзина возраст.

Тој призна дека не барал нова врска по „болната“ разделба од бившата девојка Џени Сандерсон во 2017 година, но сепак неговите чувства се промениле откако се запознал со Ема во јули, 2019 година.

Во интервју за Muscle + Health, згодниот актер вели дека не планирал да запознае друга девојка и да почне врска, туку спротивното, сакал да биде сам и да закрепне од претходната љубовна врска.

„Се чувствувам како многу среќен човек што имам некого како Ема на оваа возраст, тоа ми го промени животот и се надевам дека ќе ѝ дадам иста поддршка и помош“, вели тој. „Кога станува збор за тренингот, Ема ме учи работи кои не ги знам бидејќи сега има нов пристап кон фитнесот, а за кој не бев свесен. Кога тренирав со Силвестер Сталоне во 80-тите, тоа беше само основното“.

Додава дека тој и Ема се совршен пар, заедно се надополнуваат и дека таа му го променила животот.

Интересно е што медиумите пишуваат дека актерот е фотографиран со бурма на раката, пишувајќи дека всушност се оженил со скоро 40 години помладата свршеница. Иако веста не е официјално потврдена, парот очигледно не им придава значење на исмевањата и шпекулациите, додека ужива во љубовта.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе