Долгиот ковид го оштетува мозкот, во тешки случаи предизвикува и делириум

Главните симптоми кај кои би можеле да укажат дека некое лице е заразено со COVID-19 се смениле, потврдија научниците.

Тие стравуваат дека Велика Британија ќе биде погодена со „застрашувачки“ нов бран оваа зима. Инфекциите со COVID-19 се зголемија за дури 72 проценти за еден месец во ОК, со просечни 176.090 нови симптоматски случаи дневно.

Иако претходно најчест симптом беше губењето на мирисот и вкусот, како и покачената температура, неодамна Британците најмногу се жалаат на болки во грлото, пренесува The Sun.

„Ковидот започнува со болки во грлото во две третини од потврдените случаи на инфекција, додека покачената температура и губењето на мирис и вкус сега се ретки - поради што многу постари луѓе не ни мислат дека имаат ковид. Велат дека е настинка, а потоа не се тестираат“, коментира професорот Тим ​​Спектор, ко-основач на апликацијата Covid ZOE.

Вирологот Лоренс Јанг вели дека две варијанти на омикрон - BA.2.75.2 и BQ1.1 - покажуваат знаци дека можеби ќе можат да го „избегнат“ имунолошкиот систем.

Долгиот ковид го оштетува мозокот

Од друга страна, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон открија дека инфекцијата со ковид може да предизвика имунолошки реакции кои ги оштетуваат нервните клетки во мозокот, предизвикувајќи проблеми со меморијата и конфузија, како и зголемување на ризикот од долгорочни здравствени проблеми.

Иако наодите се прелиминарни, тие сугерираат дека иако COVID-19 може да предизвика невролошки проблеми кај пациентите, самиот вирус не мора да го инфицира мозокот. Овој процес кој се одвива во мозокот може да предизвика состојба на делириум кај пациентите, но и да придонесе за „магла“ во мозокот и други проблеми кои ги имаат луѓето со долг ковид, пишува The Guardian.

„Овие невролошки симптоми се многу загрижувачки за пациентите и нивните семејства и се надеваме дека нашето истражување може да помогне да се утврди кои третмани би биле најсоодветни за намалување или спречување на овие симптоми“, изјави Кариме Паријанте, автор на студијата.

Истражувачите ја анализирале крвта на 36 хоспитализирани пациенти во првиот бран на пандемијата и откриле дека нивото на протеинот IL-6, кој имуните клетки го „ослободуваат“ како покана за собирање други имунолошки клетки, се повеќе од 15 пати повисоко од нормалното кај заразените лица.

Уште подраматично зголемување е забележано кај пациентите кои се во состојба на делириум, краткотрајна конфузија, а речиси една третина од пациентите примени во болница поради инфекција доживуваат делириум.

„Сметаме дека овие протеини се одговорни за симптомите на делириум кај пациенти со акутен COVID-19 и воопшто кај пациенти со долг ковид кои имаат невролошки симптоми“, заклучи Борсини.

„Откриваме дека вирусот се развива околу имунитетот што го создаваат вакцините или преку прележување“, објасни вирологот.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе