Доналд Трамп е против воведување строги рестриктивни мерки

МИА/КАЈГАНА
/ 20.12.2020 / 11:27

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни против воведувањето строги ограничувачки мерки во земјата поради ширењето на коронавирусот, за разлика од Велика Британија.

– Не сакаме строги ограничувачки мерки. Решението на проблемот не смее да биде полошо од самиот проблем!, напиша тој на својот профил на Twitter, приложувајќи линк до материјалот на BBC за заострување на рестриктивните мерки во Велика Британија.

На вонредната прес-конференција вчера попладне, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека стапката на ширење на COVID-19 во земјата нагло се забрза по идентификувањето на новата генетска варијанта на коронавирусот. Поради тоа, состојбата со епидемијата во Лондон и југоистокот на Англија бара воведување на зголемено ниво на ограничувања.

Четвртото ниво на закана од ширење на инфекцијата, кое сега ќе стане максимално наместо досегашното трето, предвидува забрана за продавници кои не продаваат суштински производи, како што се фризерници и спортски сали, покрај претходно затворените ресторани, пабови и кафулиња. На луѓето им се препорачува да не ги напуштаат своите домови доколку не е апсолутно неопходно и да се воздржат од патувања во земјата и странство. Воведени се ограничувања при влегување и напуштање на оние области каде е во сила четвртото ниво на ширење на инфекцијата.

И претходно, Трамп постојано се спротивставуваше на воведувањето на строги санитарни ограничувања во САД и се залагаше за отстранување на постојните, објаснувајќи го ваквиот пристап со фактот дека тие и штетат на економијата на земјата, што за возврат уште повеќе ја отежнува борбата против ефектите на коронавирусот. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе