НБА 2023/2024

Дончиќ со трипл-дабл го засени дебито на Вембанјама

Првиот пик на НБА драфтот, Виктор Вембанјама, дебитираше за Сан Антонио Спарс во поразот од Далас Маверикс со 126:119.

Младиот Французин остана во сенка на овогодинешниот 12-ти пик на драфтот, Дерек Лајвли, кој во меѓусебниот дуел го надигра новиот кошаркар на Спарс.

URL

Кошаркарот на Далас постигна 16 поени со 10 скока, додека Вембанјама додаде 15 со 5 скока и 2 асистенции.

URL

Словенецот Лука Дончиќ ги предводеше Мавс до победата со трипл-дабл учинок од 33 поени со 13 скока и 10 асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 22 со 6 асистенции и 2 скока. Хардавеј и Вилијамс го завршија натпреварот со по 17 поени и 6 скока, а Хардавеј додаде и 4 асистенции. Двоцифрен беше и Грин со 11 поени и 2 скока.

URL

Најдобар играч за Спарс беше Девин Васел со 23 поени, 5 скока и 3 асистенции, Келдон Џонсон го следеше со 17 поени, 9 скока и 7 асистенции, додека Тре Џонс додаде 16 поени, 6 асистенции и 5 скока. Зек Колинс го заврши натпреварот со 14 поени, 5 скока и 3 асистенции, а Џереми Соухан додаде 13 со 8 скока и 5 асистенции. Двоцифрен беше и Осман со 12 поени и 2 скока.

Remote video URL

Брендон Милер беше избран за втор пик од Шарлот Хорнетс и во своето деби во најсилната лига на светот постигна 13 поени со 3 скока и 2 асистенции во победата на неговиот тим против Атланта Хокс со 116:110.

Remote video URL

Третиот пик на драфтот, Скот Хендерсон, средбата ја заврши со 11 поени, 4 асистенции и 3 скока во поразот на Портланд Треил Блејзерс од Лос Анџелес Клиперс со 123:111.

Remote video URL

Од останатите резултати за издвојување е победата на Бостон Селтикс од 108:104 на гостувањето кај Њујорк Никс со 34 поени, 11 скока и 4 асистенции на Џејсон Тејтум и 30 поени и 8 скока на Кристапс Порзињѓис.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Атланта Хокс 116:110
Индијана Пејсерс - Вашингтон Визардс 143:120
Њујорк Никс - Бостон Селтикс 104:108
Орландо Меџик - Хјустон Рокитс 116:86
Бруклин Нетс - Кливленд Кавалирс 113:114
Мајами Хит - Детроит Пистонс 103:102
Торонто Репторс - Минесота Тимбервулвс 97:94
Чикаго Булс - Оклахома Сити Тандер 104:124
Мемфис Гризлис - Њу Орлеанс Пеликанс 104:111
Јута Џез - Сакраменто Кингс 114:130
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс 119:126
Лос Анџелес Клиперс - Портланд Треил Блејзерс 123:111

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе