Британскиот боксер Ентони Џошуа ја анализираше борбата против Украинецот Олександр Усик, во која ги загуби светските титули во тешка категорија, порачувајќи оти ја научил својата лекција.
Усик минатата сабота на лондонскиот стадион Тотенхем Хотспар со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа и ги презеде од него титулите во верзиите WBA, WBO, IBF и IBO.
– Ја гледав борбата, ги анализирав своите подготовки и ги идентификував своите грешки. Ја научив лекцијата. Не се грижете за мене. Мојот дух е силен, напиша Џошуа на својот Instagram профил.
Реваншот меѓу Усик и Џошуа се очекува да биде на програмата во февруари или март идната година.