Француската фудбалска репрезентација се прости од ЕУРО во осминафиналето откако во трилер пенал беше нокаутирана од Швајцарија.
Светскиот шампион испадна многу порано отколку што се надеваше, а локалните медиуми пишуваа за страшната атмосфера во соблекувалната на „триколорите“ пред и за време на ЕУРО.
Сето тоа кулминираше откако Килјан Мбапе промаши пенал во соочувањето што ги испрати Швајцарците во четвртфиналето.
Додека тато Мбапе беше уништен од промашувањето, а мајката на Килјан плачеше, Вероник Рабјо (мајката на Адриен) се сврте кон нив во ложата и почна да ја навредува ѕвездата на ПСЖ.
„Срамота е што шутираше вака за играч со негов квалитет. Шутна премногу лесно. Се надевам дека ќе му одржите лекција и затоа што е премногу арогантен“ – вака француските новинари го пренесуваат монологот на мама Вероник.
После тоа, таа премина на постарите браќа на Погба, на кои им се пожали поради неговиот „кикс“, што доведе до трет погодок на Швајцарија, поради што син ѝ и Љорис се испокараа со играчот за врска на Манчестер Јунајтед на теренот.