Волшебната градина во Дубаи, односно Dubai Miracle Garden, е најголемата градина со природни цвеќиња во светот.
Отворена е за посетители од 2013 година, а во неа се засадени повеќе од 150 милиони цвеќиња на 72 илјади квадратни метри. Цвеќињата се одржуваат со употреба на прочистена отпадна вода. Дневно се трошат повеќе од 700 илјади литри вода.
Во 2016 година оваа градина беше вклучена во Гинисовата книга на рекорди за најголемата скулптура направена од цвеќиња. Станува збор за скулптура во облик на Airbus A380 на авиокомпанијата Emirates.
Дубаи Miracle Garden одамна стана омилена дестинација за многу љубители на природата и прошетките. Доаѓаат и многу заљубени парови кои поради неописливо убавата околина сакаат да се венчаат тука.
Во просек, 1,5 милиони луѓе го посетуваат ова место. Цената на билетот за возрасни е 13 евра, а за деца е 9.