Дутерте: За разлика од Путин јас убивам криминалци, а тој деца и старци

Б.С.Б.
/ 25.05.2022 / 08:26

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја осуди руската инвазија во Украина и го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиства на невини цивили во таа земја.

Дутерте инвазијата на Украина ја нарече „водење војна против суверена нација“, а не „посебна воена операција“ како што Путин ја нарекува.

„Многумина велат дека јас и Путин сме убијци. Јас веќе долго време им зборувам на Филипинците дека навистина убивам луѓе. Но, јас убивам криминалци, не убивам деца и старци“, вели Дутерте. „Ние сме два различни света“, смета тој.

Филипинскиот лидер прв пат ја осуди руската инвазија на Украина на телевизиски неделен состанок со клучните функционери во владата кога ја обвини тримесечната војна за раст на светската цена на нафтата, поради што се погодени многу економии, вклучително и на Филипини.

Тој изрази загриженост поради стабилноста за снабдување со нафта во земјата додека војната во Украина продолжува да беснее и да предизвикува глобална нестабилност.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе