ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Две сценарија во кои Меси може да ги спакува куферите во Катар

На Светското првенство во Катар денеска ќе се одиграат натпреварите од третото коло во групите Ц и Д, по што ќе бидат познати уште тројца учесници во осминафиналето.

Најпрво од 16 часот на терен ќе излезат четири селекции од групата Д. Франција по две кола обезбеди премин во нокаут фазата, а преостанатите три селекции се борат за второто место кое води во осминафиналето.

Се среќаваат Австралија - Данска и Тунис - Франција. Французите имаат шест бода, Австралија има три, а Данска и Тунис имаат по еден бод.

  • Австралија се пласира во осминафиналето со победа над Данска или нерешено, под услов Тунис да не ја победи Франција
  • Данска оди во осминафиналето со победа над Австралија, под услов Тунис да не ја победи Франција со поголема разлика од нив
  • Тунис оди во осминафинале ако ја победи Франција, и со реми меѓу Австралија и Данска или ако ја победи Франција поубедливо отколку Данска ја победи Австралија.

Од 20 часот се играат натпреварите од групата Ц меѓу Аргентина - Полска и Мексико - Саудиска Арабија, а во игра за пласман понатаму се сите четири селекции. Полска има четири бода, Аргентина и Саудиска Арабија по три, а Мексико има еден бод.

Во оваа група се е отворено, па дури во две сценарија Лионел Меси може да ги спакува куферите и да го заврши своето последно светско првенство со елиминирање во групната фаза од натпреварувањето.

  • Полска оди понатаму со победа или нерешено со Аргентина
  • Аргентина оди понатаму со победа над Полска. Во случај на реми мора да се надеваат дека Саудиска Арабија нема да го победи Мексико со голема разлика.
  • Саудиска Арабија оди во осминафинале со победа над Мексико. Во случај на реми мора да се надеваат на убедлива победа на Аргентина над Полска.
  • Мексико оди понатаму ако ја победи Саудиска Арабија, а Полска ја победи Аргентина.
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе