Еден грешен збор поништи илјадници крштевања

Американски католички свештеник си поднел оставка откако било откриено дека со децении погрешно ги изведувал крштевањата.

Католичкиот свештеник од Феникс во сојузната држава Аризона самоволно ја напуштил финкцијата откако било откриено дека низ целиот свој свештенички живот употребувал погрешна формула при крштевањето луѓе.

Епископот Томас Олмстед од Феникс ја објавил грешката на средината од минатиот месец. Во своето писмо до парохијата, цитирано од Catholic News Network, напишал дека „крштевањата изведени од Пречесниот Андрес Аранго, свештеник од Епархија на Феникс, се невалидни“.

Своето тврдење епископот го поткрепил со доктринална нота издадена од Ватикан во август 2020 во кој се вели дека формулата „Те крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ не смее да се користи при крштевање. Правилната употреба е прво лице еднина наместо множина, односно „Те крштевам“ наместо „Те крштеваме“ како што користел Андрес. И за тоа има соодветно објаснување зошто така треба.

„Проблемот со користењето 'Ние' е тоа што не е заедницата која крштева личност, туку Христос, и само Тој, кој претседава со сите свети тајни, и затоа Исус Христос е тој што крштева“, објаснува епископот. Во кратки црти објаснето - Исус крштева преку свештеникот, затоа треба „Те крштевам“.

Иако Олмстед не го обвинил свештеникот Аранго за грешката која очигледно ненамерно ја направил, сепак Аранго се повлекол од функцијата. Тој во своето проштално писмо напишал дека длабоко жали за грешката и проблемите кои произлегуваат од неа.

Епископот Олмстед ги повика сите оние кои биле крстени од Аранго да го контактираат. Според правилата, личност која не добила правилно крштевање не може да прими света Причест. Засега не е познато како оваа грешка влијае врз склопените бракови.

„Загриженоста за една заменка можеби изгледа легалистичка, но употребата на соодветна форма - зборови, постапки и материјали - е исто толку клучна како и духовниот аспект на светата тајна. Крштевањето е услов за спасение“, вели Олмстед.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе