Една година од корона-алармот во Вухан, Кина сака да ја смени приказната за потеклото на COVID-19

Скоро една година откако лекарите ги идентификуваа првите случаи на коронавирус во кинескиот град Вухан, се добива впечаток дека Кина сака повторно да го испита потеклото на болеста.

Државните медиуми интензивно известуваат за најденото присуство на коронавирус на пакувања увезена замрзната храна и за испитување на можни случаи на болеста откриени надвор од Кина пред декември 2019 година.

People’s Daily објави дека „сите достапни докази покажуваат дека коронавирусот не започнал во Вухан“.

„Коронавирусот првпат беше откриен во Вухан, но тоа не е местото на потекло“, рече Зенг Гуанг, поранешен главен епидемиолог во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, пишува весникот.

URL

Портпарол на Министерството за надворешни работи, на прашање за објавите на државните медиуми дека вирусот потекнува од Кина, рече само дека е важно да се направи разлика каде првпат е откриен SARS-CoV-2 и каде ја преминал бариерата меѓу видовите за да зарази луѓе.

„Иако Кина прва пријави случаи, тоа не мора да значи дека вирусот потекнува од Кина. Откривањето на потеклото е тековен процес што може да вклучува повеќе земји и региони“, рече Џao Лиџијан.

Кинески научници дури му доставија на The Lancet необјавен документ во кој се тврди дека „Вухан не е местото каде вирусот SARS-CoV-2 преминал од човек на човек“, што сугерира дека првиот ваков случај можно е да се случил „на индискиот потконтинент“.

Мајкл Рајан, директор на Програмата за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО), минатата недела изјави дека би било „крајно шпекулативно“ да се тврди дека болеста не се случила во Кина, пренесува The Guardian.

Што се однесува до објавата во која се сугерира дека вирусот SARS-CoV-2 циркулирал во Италија есента 2019 година, се наведува дека ова може да биде поврзано со други коронавируси освен овој новиот (SARS-CoV-2) што се појави во Вухан.

„Она што се чини сигурно е дека првите регистрирани случаи на заболување биле во Кина и затоа е веројатно дека вирусот потекнува од Кина“, вели вирусологот Џонатан Стоје.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more
 

Вести

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе