ЕК: Какви документи и да се појават ЕУ е против промена на граници

Повторно запрашани за наводните нон-пејпери кои споменуваат прекројување на границите на Западен Балкан, од Европската Комисија денеска пристигна јасна порака дека ваков проект не доаѓа предвид, јави дописничката на МИА од Брисел.

Прашањето беше повторно поставено денеска на редовниот брифинг за новинари во Брисел по повод посетата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во институциите на ЕУ.

Тој утрово се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, рече дека фамозниот нон-пејпер кој наводно е поднесен од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ниту било кои други документи со слична содржина никој не видел во Европската комисија.

– Ја знаете добро позицијата на ЕУ за тоа дека не сме за никаква промена на граници, ова треба да се отстрани, какви пејпери и да се појават во иднина или да се појавиле во минатото, нашиот став е јасен, рече Мамер.

Останува дека наводниот нон-пејпер е поднесен до Европскиот совет и неговиот претседател, Шарл Мишел, што е различна институција од Европската комисија и каде заседаваат лидерите на земјите-членки на ЕУ. Од кабинетот на Мишел до сега немало ниту потврда, ниту демант ниту став за промената на границите на Западен Балкан откако во медиумите се објави овој документ.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Регион

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more
 

Вести

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Читај повеќе

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе