Експерти: Придобивките од „драстичното“ дејствување за климата ги надминуваат трошоците

Цената на глобалното затоплување далеку ќе ги надмине трошоците за брзо намалување на емисиите на штетни гасови, објавија повеќе од 700 економисти од целиот свет во досега невиден повик за акција за климата.

Големо меѓународно истражување покажа дека скоро три четвртини од економистите кои учествувале во него сметаат дека е потребна „непосредна и драстична“ акција за ограничување на ефектите од климатските промени, предупредувајќи дека трошоците од неуспехот да се намали загадувањето на јаглерод брзо ќе достигнат трилиони долари годишно.

Скоро 9 од 10 (89 проценти) изјавија дека веруваат дека климатските промени ќе ја влошат глобалната нееднаквост и се скоро едногласни, сметајќи дека придобивките од нето-емисијата на нула ќе бидат многу поголеми од трошоците до средината на векот.

– Луѓето кои ја поминуваат својата кариера проучувајќи ја нашата економија се согласуваат дека климатските промени ќе бидат скапи, потенцијално уништувачки, нагласи Питер Хауард, економски директор на Институтот за интегритет на политики на Правниот факултет во Њујорк.

– Овие откритија покажуваат јасна економска основа за итна акција за климата, додава Хауард.

Со години, економистите се поделени околу односот трошок и корист од финансирање за климатските активности, дури и научници добитници на Нобелова награда како Вилијам Нордхаус тврдат дека силното дејствување мора да се балансира наспроти трошоците.

Повеќето традиционални модели за трошење на климата се фокусираат на промените во БДП во дадена година – таканареченото „влијание на ниво“.

Консензусот постигнат од испитаниците сугерира дека предвиденото економско влијание на климатските промени ќе достигне 1,7 трилиони долари годишно до 2025 година и приближно 30 трилиони долари годишно до 2075 година.

Спротивно на тоа, 65 проценти од испитаниците велат дека расходите за обновливи извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, ќе продолжат да паѓаат во текот на следната деценија и проценуваат дека половина од светскиот енергетски „микс“ ќе биде зелен до 2050 година.

Две третини од анкетираните економисти се согласија дека придобивките од достигнување на нето-емисии на нула до средината на векот – како што ветија неколку големи загадувачи – ќе ги надминат трошоците.

Вкупно 80 проценти од испитаниците изјавиле дека нивото на климатска загриженост е зголемено во последните пет години.

Авторите на студијата изразија надеж дека наодите ќе помогнат да се информираат креаторите на политиката кога станува збор за расходи за идните напори

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе