ЕМА потврди дека AstraZeneca е безбедна, истрагата за компликациите продолжува

Европскиот медицински регулатор ја повтори поддршката за AstraZeneca и изјави дека ниту една возрасна или полова група и оние со историја на болести не се особено склони кон згрутчување на крвта по примањето на вакцината.

Но, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) повтори дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, предупредува дека луѓето треба да бидат свесни за „далечната можност“ за развој на ретки тромбови и  веднаш да побараат лекарска помош доколку им се појават симптоми.

„Каузална врска со вакцината не е докажана, но тоа е можно и во тек е понатамошна анализа“, рече ЕМА.

ЕМА издаде ново соопштение по состанокот со панел независни надворешни експерти во понеделникот. Соопштението следеше откако неколку земји, вклучувајќи ги Канада, Германија, Франција и Шпанија, ја ограничија вакцинацијата со AstraZeneca по извештајот за појава на згрутчување на крвта по вакцинацијата.

Истрагите на ЕМА и неколку национални власти во Европската Унија продолжуваат откако првичните испитувања оценија дека вакцината е безбедна за употреба.

Голем дел од пријавените случаи на згрутчување на крвта се однесуваа на млади и средовечни жени, но тоа не ја поттикна ЕМА да заклучи дека оваа група има зголемен ризик да биде вакцинирана со AstraZeneca.

За нуспојавите кај помлади жени

Жените се генерално повеќе склони кон церебрална венска тромбоза (CVST) отколку мажите, а двојно повеќе жени отколку мажи веќе примиле вакцина AstraZeneca во ЕУ, изјави главниот службеник за безбедност на ЕМА, Питер Арлет.

„Затоа е многу тешко во оваа фаза да се оддели зошто преовладуваа извештаи за многу редок, потенцијален несакан ефект, особено кај помлади жени“, додаде Арлет.

ЕМА анализира 62 такви случаи на глобално ниво и се консултира со регулаторите од Индија, Бразил и Велика Британија, а 44 од овие случаи се пријавени во Европската економска област (ЕЕА).

Европскиот медицински регулатор анализира 14 смртни случаи, иако не сите биле поврзани со церебрална венска тромбоза, рече Арлет. Околу 9,2 милиони луѓе во ЕЕА добија доза од AstraZeneca до 22 март.

Арлет призна дека стапката на инциденца на згрутчување на крвта е поголема од онаа што обично се очекува кај младите и средовечните. Иако не ја изрази квантитативно разликата, тој рече дека тоа не оправдува  промена на препораките.

„Ако ги погледнеме поединците под 60-годишна возраст, ќе видиме повеќе случаи со CVST отколку што би очекувале да видиме од позадинската стапка“, рече Арлет.

Германското тело за следење на вакцините ПЕИ во вторникот објави дека регистрирало 31 случај на CVST, што резултираше со девет смртни случаи меѓу 2,7 милиони луѓе кои примиле вакцина AstraZeneca.

ЕМА соопшти дека неколку дополнителни случаи во Германија не биле вклучени во анализата.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Здравје

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе