ЕМА: Тромбозата е можна нуспојава од вакцината на AstraZeneca

Кајгана/МИА
/ 07.04.2021 / 16:39

Европската агенција за лекови потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на AstraZeneca и згрутчувањето на крвта, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците. За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за AstraZeneca ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

-По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со AstraZeneca треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

Засега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по АstraZeneca може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид. 

Доктор Сабине Штраус од ЕМА повика вакцинираните лица да ги информираат брзо и детално здравствените работници за можни нуспојави за да се помогне во натамошната анализа на оваа и другите вакцини.

– Лицата кои мислат дека преживуваат нуспојава треба што е можно подетално да пријават, рече Штраус.

Во овој момент стапката на пријавување на нус-ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

– Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус. 

Во овој момент стапката на пријавување на нус ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

– Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус.

По оваа прес-конференција ЕМА ќе разговара со здравствените власти во сите земји од ЕУ за вакциналните стратегии, но секоја членка сама може да одлучи како понатаму ќе вакцинира со дозите на оваа компанија и дали смета дека треба да се ограничи вакцинацијата на одредени групи од населението.

Remote video URL
Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе