Емотивниот Марсело во солзи се прости од Реал: Ќе кажам нешто што никогаш не сум го кажал

Марсело денеска на церемонија полна со емоции се прости од Реал Мадрид каде играше последните 15 години.

Брилијантниот 34-годишен Бразилец едвај врзуваше реченица за реченица додека зборуваше и го напушта Реал како играч со најмногу трофеи (25) во клупската историја.

URL

„Си ветив дека нема да плачам, но навистина е тешко. Благодарам на сите мои соиграчи и тренери, но најголема благодарност до луѓето од обезбедувањето и сите оние луѓе во сенка кои вршат многу валкани работи за нас. Сакам да истакнам колку се важни затоа што ние играчите треба само да играме, тие се грижеа за сè друго“, рече Марсело со солзи во очите и продолжи:

URL

„Кога заминав од Бразил сакав да играм во Лигата на шампионите. Денеска заминувам како најуспешен играч во историјата на најголемиот клуб во светот. Ќе кажам нешто што никогаш не сум го кажал. Посебна благодарност до Раул кој седи овде. Многу ми помогна кога дојдов и кога се роди син ми. Ти и твоето семејство отсекогаш се грижевте за нас, неизмерно сум ти благодарен. Ова беше прекрасна авантура. Дојдов како момче и си заминувам како маж. Ви благодарам на сите“.

URL

Бразилецот дојде во Реал во 2007 година од Флуминенсе за 6,5 милиони евра. За Реал одигра 545 натпревари и постигна 38 гола и 103 асистенции. Има освоено шест титули на Шпанија, два Купа на кралот, пет шпански Суперкупа, пет ЛШ трофеи, четири светски клупски првенства и три европски суперкупа.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе