ЛИОНЕЛ МЕСИ

Емотивно интервју на Меси: Знаев дека треба да одам на психолог, плачев и многу страдав

Лионел Меси даде обемно интервју за La Sexta што беше објавено вчера вечерта по европско време.

Големото интервју на Аргентинецот првично требаше да биде објавено минатиот понеделник, но фудбалерот на Барселона побара од уредникот да го одложи терминот за седум дена, бидејќи не сака неговото интервју да биде во центарот на вниманието и да ги одвлекува луѓето од традиционалното хуманитарно шоу на TV3 кое собра седум милиони евра.

Во обемниот и емотивен разговор, Аргентинецот се присети на бурното лето кога беше многу близу да ја напушти Барселона по дваесет години поминати во каталонскиот гигант.

URL

„Повторно би го испратил тој бурофакс. Вечно сум благодарен на овој клуб. Го сакам, ја сакам Барселона и градот воопшто. Се чувствувам како да дадов сѐ од себе за Барселона. Сè што ми даде клубот е моја заслуга. Мислев дека ми треба промена, дека завршив одреден период во мојата кариера. Моите деца не сакаа да заминат, но тогаш сметав дека тоа е најдобро за мене“, рече тој и заклучи:

„Денес сум добро. Требаше да помине одреден период за пак да се чувствувам добро. Јас сум желен и подготвен да се борам за сите титули“.

Ќе почекам да заврши сезоната

Тој уште еднаш ја опиша својата љубов кон Барселона.

„Барселона е мојот живот. Таа ми даде сè. Живеам тука подолго отколку во Аргентина и тука научив сè. Клубот ме формираше како играч и личност.“

Истакна дека нема шанси некогаш да замине во Реал или Атлетико Мадрид, но дека би сакал да игра во САД во иднина. Не е сигурен дали тоа ќе се реализира.

URL

„Ако заминам, би сакал тоа да биде најдобро можно заминување. Сакам да се вратам во клубот подоцна и да придонесам за неговиот раст. Барселона е поголема од кој било играч. Нема да разговарам со други клубови, ќе чекам да заврши сезоната и потоа ќе одлучам што понатаму.“

Претседателот на Барса, Бартомеу, беше еден од оние со кои Меси на никаков начин не можеше да функционира.

„Тој ме измами од многу аспекти, но јас не би навлегувал во детали. Имаше големи лаги низ годините.“

URL

Како резултат, тој за малку ќе ја напуштеше Барселона без обештетување.

„Знаев дека ако одиме на суд, ќе победам. Тоа не ми го кажа само еден адвокат, туку многумина. Но, јас не сакав да си заминам на тој начин.“

Ме убедуваа да одам на психолог

Но, наместо Меси, од Барса замина неговиот најдобар пријател Луис Суарес. Бесплатно, во Атлетико Мадрид.

„Ми се чинеше нереално како помина трансферот. Тој замина бесплатно во тим што се бори за истите цели како и ние.“

Барселона наскоро ќе има претседателски избори, а Меси не сакаше да открие кој кандидат го поддржува. Тој е свесен дека ситуацијата не е добра.

„Ќе биде тешко да се донесат засилувања. Клубот нема пари и треба да се доведат важни играчи. Би било прескапо да се донесе Нејмар. Тоа ќе биде тешка ситуација за новиот претседател. Тој мора да биде интелигентен по ова прашање. Барселона е во тешка ситуација, а и сите во неа. Ќе биде многу тешко да се дојде до врвот, каде што бевме порано“, рече тој, опишувајќи ја неговата врска со Луис Суарез и Нејмар:

„Разговараме одвреме-навреме. Имаме група на WhatsApp. Го одржуваме нашето пријателство скоро секој ден.“

Многумина околу него го советувале да оди кај психолог и го прашале дали плачел во тешките времиња.

„Требаше да одам на психолог, но никогаш не отидов. Одредени луѓе инсистираа да одам. Знаев дека треба, но никогаш не одев. Не плачев поради спортски проблеми, но страдав многу. Плачев поради други животни околности, но не сакам да навлегувам во детали“.

Им се восхитувам на Роналдо и на Надал

Меси се потсети на поразот од Баерн со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампиони во август.

„Тоа беше ужасно болен пораз за сите затоа што игравме лошо и загубивме со голема разлика. Нормално е да се губи. Сум губел многу пати, но тоа мора да се прифати. Тој пораз беше навистина тежок удар. Не сакам да губам. Кога губам знам да кажам или да направам нешто како резултат на моментален бес, но подоцна зажалувам што сум го направил тоа.“

Во пензија се гледа како спортски директор, во никој случај како тренер. Тврди дека неговиот живот е здодевен на моменти.

„Станувам наутро, појадувам и ги носам децата на училиште, тренирам и одам дома. Понекогаш сакам да останам анонимен, особено кога станува збор за моите деца. Понекогаш одам во супермаркет, но тешко е да се прават обични животни активности бидејќи толку многу луѓе ме препознаваат.“

Како и многу негови колеги, Меси смета дека распоредот по корона-кризата е луд.

„Оние кои го прават не размислуваат за нас спортистите. Повеќе се работи за економски профит отколку за животите на спортистите“.

На крајот, тој откри на кого му се восхитува во светот на спортот и истакна дека за него Пеп Гуардиола и Луис Енрике се најдобрите тренери во светот. Тој додаде дека понекогаш излегува на пијачка со Антоан Гризман, опишувајќи ја нивната врска како многу здрава.

„Им се восхитувам на многу спортисти. На пример, на Рафаел Надал во тенис и на Кристијано Роналдо во фудбал. Има многу извонредни спортисти.“

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе