Netflix потврди дека работи на втора сезона на познатата серија Beef, која собра бројни престижни награди, вклучувајќи осум Еми, три Златни глобуси и две SAG награди.
Креатор на серијата е од корејскиот сценарист и режисер Ли Сунг Џин.
Во првата сезона од серијата, главните улоги ги играа Стивен Јеун и Али Вонг, кои отелотворија двајца жители на Лос Анџелес, работникот Дени кој се бори за егзистенција и успешната жена Ејми која идилично живее со семејството.
Откако фрустрираниот Дени за малку ќе удри во теренецот управуван од Ејми, нивната кратка средба се претвора во опасна бркотница со автомобил и ривалство што ќе има страшни последици за нивните најблиски.
Според Deadline, новата сезона треба да следи две двојки кои се скарани. Првата двојка ја играат Чарлс Мелтон, кој можевме да го видиме во May December, и Кејли Спени, ѕвездата на филмот Priscilla. Вториот пар го сочинуваат Џејк Гиленхал и оскаровката Ен Хатавеј, кои веќе имаат соработувано претходно, во филмот Love & Other Drugs (2010).
Иако договорот за серијата сè уште не е склучен, Netflix и продуцентската куќа А24 планираат да започнат со снимање на крајот на летото или на есента оваа година.