Ериксен: Сакам да играм на Мундијалот, моето срце не е проблем

Во интервјуто за данската телевизија DR1 Кристијан Ериксен особено се осврна на неговата желба повторно да го облече дресот со националните бои и притоа да игра на Мундијалот во Катар.

Данска и без Ериксен беше убедлива во квалификациите и без проблем си обезбеди пласман на Светското првенство на ФИФА кое во ноември и декември годинава ќе се одржи во Катар, за прв пат на Блискиот Исток. Токму светскиот собир е мотивот кој го тера Ериксен да се врати во препознатливата форма, која ја изгуби кога колабираше на првиот натпревар на ЕУРО 2020 и поради што потоа мораше да му биде вграден дефибрилатор.

„Мојата цел е да играм на Мундијалот во Катар. Сакам да играм. Тоа ми е во глава цело време. Тоа ми е цел, тоа ми е сон“, си ја отвори душата Ериксен.

„Дали ќе бидам селектиран, тоа е друго прашање, но мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам бидрејќи не се чувствувам ништо поинаку. Физички, назад сум во топ форма. Тоа ми беше цел, и уште некое време ќе остане. Дотогаш само ќе играм фудбал и ќе докажам дека повторно сум на старото ниво“, уверено рече тој.

Ериксен е репрезентативец на својата татковина од 2010 година и досега има 109 натпревари на кои постигна 36 гола. Играше на Мундијалите 2010 и 2018 (2014 Данска не се квалификува), како и на ЕУРО 2012 и 2020 (2016 Данска не се квалификува).

„Репрезентацијата е многу важна. Сакам да играм во националниот тим на Светското првенство. Мојот сон е да се вратам во репрезентацијата, повторно да играм на 'Паркен' и да докажам дека тоа што се случи беше нешто кое се случува еднаш и нема да се повтори“.

Ериксен сѐ уште нема одиграно натпревар. Го раскина догворот со Интер бидејќи поради вграденото срцево помагало не смее да се бави со фудбал во Италија. Периодов тренираше со тимот на Оденсе, но сѐ уште не се знае во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

„Сакам да покажам дека продолжив понатаму и дека повторно можам да бидам репрезентативец. Сепак, останува на селекторот да ја процени мојата подготвеност. Како и да е, моето срце не е пречка“.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава, па Ериксен има доволно време да го убеди селекторот Каспер Хјулманд дека заслужува место.

Во интервјуто Ериксен зборуваше и за немилиот настан на ЕУРО кога колабираше, велејќи дека 5 минути бил мртов.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе