Евакуиран култниот Сент Мери, поради пожар откажан дуелот Саутемптон - Престон

Големиот пожар што избувна денеска во близина стадионот „Сент Мери“ го откажа вечерашниот дуел меѓу Саутемптон и Престон во Чемпионшип, а причината за овој страшен инцидент сѐ уште е непозната.

На само неколку часа пред важниот натпревар меѓу Саутемптон и Престон на „Сент Мери“ на југот на Англија, избувна пожар. Се запали фабрика во близина на стадионот, а бидејќи беше ден на натпревар, на стадионот имаше голем број луѓе.

Сите беа брзо евакуирани, а подоцна беше потврдено дека натпреварот е одложен. Целиот стадион беше покриен со густ црн облак од чад откако пламените јазици ја зафатија целата фабрика.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од пожарникарите кои се борат со пламените јазици. На луѓето што живеат во областа им се советуваше да ги држат затворени прозорците и вратите поради количината на чад.

URL

Блиските патишта беа затворени, а Саутемптон на својата официјална веб-страница објави дека натпреварот е одложен.

„Инцидентот предизвика значителен прекин во областа, а патиштата околу стадионот сѐ уште се затворени, додека противпожарните екипи продолжуваат да се справуваат со ситуацијата“, се вели на официјалната веб-страница на клубот домаќин, објавена нешто по 16 часот.

URL

Инаку, на „Сент Мери“ вечерва требаше да се одигра натпревар во кој Саутемптон го фаќа последниот воз за директен пласман во Премиер лигата бидејќи Ипсвич на втората позиција му побегна на 8 бода. Доколку Саутемптон не победи, тешко дека ќе има шанса сето тоа да го постигне до крајот на сезоната.

„Сент Мери“ на македонската јавност ѝ е добро познат и поради тоа што во 2002 година Македонија таму играше квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2004 протоив Англија. Возбудливиот натпревар заврши 2:2, а Артим Шаќири стана легенда постигнувајќи гол од корнер против Дејвид Симан.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе