Европејците имаат 6 различни имиња за Германија

Алеманија, Немачка, Вација, Сакса, Германија и нормално, Дојчланд. Јазиците ширум Европа користат 6 различни верзии за именување на државата на Германците.

Различноста во поделеноста околу името на Германија не познава јазични групи. Така на пример, романските и словенските групи на јазици немаат свое посебно име, туку се измешани.

Француски, велшки, каталонски, баскиски, шпански, галициски, португалски, турски, абхаски и азербејџански користат варијација на Алеманија според германското племе Алемани кое ги населувало пространствата на денешна Северна Швајцарија и Југозападна Германија.

Шкотски, ирски, мански, англиски, корзикански, италијански, малтешки, албански, македонски, грчки, бугарски, романски, руски, казахстански, калмички, осетиски, грузиски и ерменски користат варијација на Германија, по потекло од латинското име Германи со кои ги нарекувале сите германски племиња кои живееле источно од реката Рајна.

Јазиците во централна Европа како полски, чешки, словачки, унгарски, словенечки, хрватски, босански, српски, црногорски, украински, белоруски употребуваат варијација на Немачка според германското племе Немети кое живеело по текот на реката Рајна.

Само фински и естонски користат форма од зборот Сакса, според германското племе Саксонци.

Латвискиот и литванскиот јазик, пак, користат форма која не е поврзана со германските племиња и не се ни знае од каде точно потекнува. Една теорија вели дека нивното име за Германија доаѓа од шведското племе Ваготи.

Заедно со германскиот, други европски јазици кои користат форма произлезена од старогерманскиот збор диутиск се холандски, дански, шведски, норвешки, фарски, исландски и сапми.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Чек дис аут

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Read more

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Read more

Спасување снешко на руски начин

Read more

Париз под бела покривка: Снегот привлече многумина на улиците, некои дури и скијаа

Read more
 

Магазин

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Читај повеќе

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Читај повеќе
  • play_arrow

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Читај повеќе

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе