Фергусон и Венгер се првите менаџери примени во Куќата на славните во Премиер лигата

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер беа почестени за нивниот голем придонес во англиската Премиер лига и денес станаа првите менаџери кои беа примени во Куќата на славните.

Фергусон, најдобриот менаџер на Манчестер Јунајтед на сите времиња и според многу мислења најдобриот експерт на сите времиња, ги предводеше „црвените ѓаволи“ до 13 шампионски титули во Англија, додека Венгер трипати ја освои титулата со Арсенал, но имаше различно влијание врз културата на клубот и на лигата воопшто.

Шкотланѓанецот го водеше клубот од Олд Трафорд од 1986 до 2013 година, а во исто време го освои првото издание на Премиер лигата во сезоната 1992/93. Таа сезона Манчестер Јунајтед го прекина долгиот сушен период без титулата национален шампион, а пред тоа последен пат беа шампиони во 1967 година.

„Голема чест е кога ти даваат признание на овој начин. Не се работи само за мене како личност, туку за сето она што го направивме во Манчестер Јунајтед, за односот што го изградивме низ годините. Горд сум на клубот, сите мои соработници и играчи“, изјави Фергусон, кој забележа 528 победи на 810 натпревари во Премиер лигата.

Францускиот 73-годишен тренер Арсен Венгер го водеше Арсенал 22 сезони, од 1996 до 2018 година, а особено за паметење е шампионската титула во 2004 година кога ја освоија без ниту еден пораз.

„Многу сум благодарен што сум примен во Куќата на славните. Секогаш сме се труделе да им дадеме нешто посебно на навивачите, а кога имаш играчи кои се способни да прават феноменални работи, за мене тоа совршенство е најголема обврска. сакам да бидам запаметен како некој што го сакал Арсенал, кој ги почитува вредностите на клубот и кој го оставил клубот во позиција да расте и напредува“, рече Венгер.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе