ФФМ: Благодарност до сите навивачи кои ја бодреа Македонија

Фудбалската федерација на Македонија упати благодарност до сите навивачи присутни на синоќешниот натпревар против соседна Бугарија на кој „Рисовите“ загубија и ги разочараа бројните навивачи кои 90 минути на дождот навиваа.

Фото: ФФМ

Македонија синоќа не успеа не само да победи заради рејтингот, туку и заради честа и гордоста против една земја која константно негува омраза кон македонскиот народ и држава и шири негативна пропаганда исполнета со искривувања на историјата и невистини за денешницата.

По тој повод денеска се огласи и ФФМ која упати јавна благодарност до сите навивачи кои се појавија на Националната арена, а дојдоа од цела Македонија понесени од желбата за победа над оваа соседна репрезентација.

„Драги навивачи,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена 'Тодор Проески' на натпреварот против Бугарија.

Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута.

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, напред Македонија“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе