ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Филип Здравески
/ 18.04.2024 / 15:46

На регионалниот состанок во Тирана, фудбалските федерации на земјите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици, но и изразија безусловна поддршка за претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и неговата администрација.

Фудбалската федерација на Македонија заедно со 10 други  федерации членки на УЕФА од Југоисточна Европа во вторникот на состанокот во Тирана, Албанија ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин.

На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска федерација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност.

Исто така, се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите/федерациите.

Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана.

По дискусиите за наведените теми, федерациите навлегоа во дискусии за иднината на европскиот фудбал. Сите присутни едногласно изразија непоколеблива поддршка за претседателот Чеферин и администрацијата на УЕФА.

Чеферин е на чело на УЕФА од септември 2016 и има намера да се кандидира и за трет мандат. Претседателството на УЕФА има мандат во времетраење од 4 години. Претходно беше претседател на Фудбалската федерцаија на Словенија од 2011 до 2016 година.

Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Тирана беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар Наталија Илиевска-Божиновска и членот на Управниот одбор Владимир Гашевски.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе