ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО МАРОКО 2022

ФИФА сѐ повеќе го американизира фудбалот

Синоќа на натпреварот од отворањето на Светското клупско првенство главниот судија како во НХЛ хокеарската лига на разглас ѝ ја објаснуваше на публиката својата одлука по консултацијата со ВАР.

Синоќа беше отворено Светското првенство за клубови со натпреварот помеѓу Окленд Сити, шампионот на Океанија, и Ал Ахли, финалистот од африканската Лига на шампиони.

Египќаните лесно изборија место во четвртфиналето победувајќи го новозеландскиот тим со 3:0 со головите на Хусеин Елшахат (45'+2), Мохамед Шериф (56') и Перси Тау (86'), а таму ќе се соочат со првакот на Северна Америка, американскиот тим на Сиетл Саундерс.

Remote video URL

Она што ќе остане забележано се случи во завршницата на натпреварот, кога публиката посведочи историска сцена. Имено, во судиското надополнување кинескиот судија Ма Нин досуди пенал во корист на Ал Ахли.

Но, откако замина кај ВАР мониторот и ја изгледа спорната ситуација, се увери дека погрешил што покажал пенал и ја поправи својата одлука. Наместо пенал, му покажа црвен картон на Адам Мичел од Окленд Сити, кој го направи фаулот.

Многумина на стадионот „Ибн Батута“ во мароканскиот град Тангер останаа зачудени кога на разгласот го слушнаа гласот на кинескиот судија. По гледањето на снимката судијата Ма го вклучи микрофонот и на публиката ѝ објасни зошто ја променил својата одлука - дека прекршокот бил надвор од шестнаесетникот и затоа нема пенал, но има црвен картон поради сериозноста на шансата која беше спречена со фаул.

URL

Вакви судиски објаснувања за публиката постојат во американските спортови, а најчесто се случуваат во хокеј лигата НХЛ и НФЛ за американски фудбал. ФИФА го користи Светското клупско првенство за да направи експеримент со ваквиот начин на објаснување на судиските одлуки од страна на самите судии. Доколку тестирањето се покаже како успешно, потоа ФИФА може да го воведе судиското објаснување како задолжително онаму каде што се користи ВАР.

Интересно, и идејата за ВАР дојде од НХЛ.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе