СЕРИЈА А 2022/2023

ФИГЦ ја објасни 10-бодовната казна на Јувентус

Судот за жалби на ФИГЦ излезе со објаснување зошто се одлучил за казна со одземање на 10 бодови од контото на Јуве, наведувајќи „лична одговорност“ на Фабио Паратичи, Андреа Ањели, Маурицио Аривабене и Федерико Черубини.

ФИГЦ го судеше Јувентус за манипулација со вредноста на цените на играчите на трансфер пазарот. Првичната казна со одземање на 15 бодови изречена во јануари неодамна беше намалена на 10 бодови, а Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) сега излезе со објаснување на причините за ваквата казна.

Оваа одлука потоа беше поништена од Судот при Италијанскиот национален олимписки комитет (КОНИ), кој побара ново проценување на ситуацијата, нов преглед на доказите и потоа донесување нова и конечна пресудда, што и се случи.

Поранешниот финансиски директор ан Јувентус, Фабио Паратичи, доби казна од 30 месеци забрана за бавење со фудбал и неговите криминални активности го чинеа Јуве одземање на 4 бода.

Поранешниот претседател Андреа Ањели доби 24 месеци казна, што соодветствува со казна од одземање на 3 бода. Поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене ја доби истата казна, но неговите дејствија му одземаа на Јуве 2 бода, додека поранешниот директор Федерико Черубини доби најмала казна од 16 месеци, што резултираше со одземање на 1 бод.

ФИГЦ додаде дека новата пресуда е донесена „во правична перспектива, исполнувајќи тешки, пропорционални и разумни критериуми“.

Јувентус нема да ја обжали оваа пресуда, во неделата вечерта потврди директорот Франческо Калво.

Но, тука не застанува процесот против Јувентус, затоа што го чека ново судење за друг случај, односно за случајот со манипулација со платите на играчите и односите со агенти и други клубови. Оваа пресува треба да биде донесе во текот на денешниот ден. Првично судењето беше закажано за 15 јуни, но откако Јуве во неделата призна вина, дојде можност за порана завршница.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе