Филипче: Има суштинска разлика помеѓу првиот и овој бран

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција за актуелната состојба со COVID-19 во земјава.

Филипче нагласи дека не се стигнати бројките од една приватна лабораторија поради што списокот по градови ќе биде објавен подоцна. Вкупната бројка на заболени од 868 тестирања во изминатите 24 часа изнесува 67.

„Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите придонесуваме во решавањето на овој проблем. Целиот овој период кажуваме дека состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување на пациенти, големиот број слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери што го потврди оваа интензивна активност во изминатите денови од анализа на контактите и сите други индикатори укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста“, рече Филипче.

Има суштинска разлика помеѓу првиот и овој бран, нагласи министерот.

„Тогаш не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати за самиот вирус и не знаевме колку може да го оптовари здравствеениот систем. Сега имаме една друга состојба – имаме знаење, имаме ресурси, имаме сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети и на сместување и на медицинска опрема и во однос на знаење. Тоа е задачата на системот, да биде организиран и подготвен, односно да сме сигурни дека може да се носиме и со овој бран.“

Тој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките на лична заштита, протоколите на движење, држење дистанца и ги повика надлежните тоа да го контролираат и да го санкционираат таму каде има прекршување, бидејќи, како што појасни, тоа е единствениот начин да се заштитиме и да го спречиме ширењето на вирусот. 

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе