Филипче: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против COVID-19

Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против COVID-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар.

Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговаравме за повеќе теми.

– Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче.

Тој се заблагодари во името на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија на, како што рече, братскиот српски народ за значајната донација на вакцини, процес кој беше организиран благодарејќи на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Благодарејќи на тие вакцини ние почнавме со процесот на имунизација и сега се вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, потоа дел од вработените во полицијата, Армијата, судовите итн. Дозволете да ја изразам и благодарноста што Србија ја отвори ширум вратата да бидат вакцинирани и наши граѓани заедно со српските граѓани овде во Србија и со тоа направи голем чин на пријателство посебно во временскиот период кога никогаш во светот вакцините не стигнуваат ниту со потребна, ниту со посакуваната  брзина, а тој процес Србија навистина го реши феноменално, нагласи Филипче.

Тој рече дека Владата ќе донесе одлука сите српски граѓани во знак на благодарност да бидат ослободени од плаќање на патарини за минување низ земјава во периодот од од 15 јуни до 15 август, имнајќи предвид дека голем број српски граѓани традиционално патуваат и во Северна Македонија и во Грција.

Министерот Лончар, од своја страна, рече дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

– Разменивме искуства и информации и се тоа што е неопходно за здравјето и животот на нашите граѓани. Коронавирусот не знае за граници и според тоа и ние мораме да се однесуваме така, како границите да не постојат и да видиме што е тоа што се можеме да го направиме. Ја анализиравме ситуацијата и мерките кај нас и кај другите, да видиме кои мерки дадоа резултати. Неизбежната тема беше вакцинацијата и нејзиното забрзување со цел да се спречи ширењето на вирусот и да ги сочуваме нашите здравствени системи, рече Лончар.

Тој потенцира дека разговарале за соработка меѓу стручните кадри од двете земји, да се подготвува теренот за сите тие работи и да се сочува државното здравство.

– Ја продолжуваме соработката и да си помагаме едни на други во корист на граѓаните на Србија и Северна Македонија. Тоа го правевме досега, а ќе продолжиме уште подобро и повеќе и натаму, додаде Лончар.

Министерот Филипче, кој со претставници од Министерството за здравство, денеска е во официјална посета на Белград освен со министерот Лончар, се сретна и со директорката на Институтот „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе