Филипче: Ќе се испитуваат антитела на товар на Фондот, но под одредени критериуми

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

– Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем, истакна министерот. 

Министерот на прес-конференција пред „А1 арената Борис Трајковски“ изјави дека утринава разговарал со директорите на Фондот за здравство и на Институтот за имунобиологија и хумана генетика и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат покриени на државен трошок, но ќе мора да се воведат категории.

Досега во земјава се вакцинирани 35.000 граѓани, вакцините на Pfizer ќе пристигнат во понеделник со што ќе се продолжи со имунизацијата. 

Од нив, околу 13 илјади ја примиле AstraZeneca, од која има уште 10.000 на располагање, нешто помалку од 3.000 има од руската Sputnik и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови зашто често доаѓаат со придружба.

Министерот Венко Филипче денеска изјави дека дози од вакцините се распределуваат низ пунтовите низ државата, а системот ќе се дополни и со вакцините на Pfizer, за кои и денеска било потврдено дека во понеделник со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје. На крајот од месецов ќе стигнат и кинеските – сите во една пратка наеднаш, по што вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Како што вчера беше соопштено, на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 вакцини Pfizer, а од Амбасадата на Кина беше потврдено дека околу 28 април ќе дојдат и  200.000  кинески вакцини.

Филипче изјави дека има доволно вакцини и дека нема потреба да се прават договори со српскиот Институт за вирологија „Торлак“, каде се произведува руската Sputnik V, но во вторник ќе оди во Белград и ќе разговара за можноста Институтот да стане стратешки партнер во набавката на вакцини за нашата земја.

Oцени дека имунизацијата се одвива добро и со иста динамика, но дека има поголема фреквенција на закажување во текот на оваа недела. Најави и подготвување на поголеми пунктови во шесте градови кои ќе бидат регионлани центри за имунизација.

-Планот е да се зголеми бројот на закажани термини во пунктовите во шесте градови – во спортски сали, улилишта или каде што ќе се одреди дека е најсоодветно, а тимот од Министерството кој ја организираше работата во СЦ „Борис Траковски“ викендов ќе оди да ги посети шесте градови кои ќе бидат регионални центри, изјави Филипче.

Неподвижните лица, рече, ќе бидат вакцинирани теренски, во нивните домови, согласно со пријавувањата и приоритетите.

На прашањето кога ќе се вакцинира тој и со која вакцина, министерот одговори дека нема преференции и дека сите се безбедни.

-Нека стигнат повеќе вакцини, ќе се вакцинирам и јас. Доколку видиме и процениме дека постои сомнеж, а во овој момент не гледам, освен она што постоеше за AstraZeneca за која ние веќе зазедовме став, одговори Филипче. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе