Филипче: Почнавме разговори за техничките детали и времето на испорака на вакцините од Србија

Министерот за здравство Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на телевизија „Канал 5“, информираше дека по разговорот на премиерот Зоран Заев со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кој било договорено Србија да ѝ даде 8.000 Pfizer вакцини на нашата земја, веднаш започнал разговори со српскиот колега Златибор Лочнар за техничките детали и точното време на испорака на вакцините.

-Најавата засега е дека тоа има шанси да се случи уште утре, но ќе видиме како ќе течат овие разговори и административните постапки во однос на самиот транспорт, приемот и пречекот на вакцините. Станува збор за Pfizer вакцина, која заедно со Moderna, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА, изјави Филипче, но истакна дека сите вакцини што сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји.

Во однос на чувањето на вакцините, министерот Филипче рече дека близу 100 илјади вакцини може да се складираат во еден фрижидер.

-Во таа смисла, фрижидерите кои ги најавувавме како донација се пристигнати, завршуваат административните постапки околу царинењето. Но, и сега во овој момент можеме да сместиме вакцини во постојните фрижидери кои ги имавме за друга намена од лабораториите на Институтот за трансфузиона медицина, додаде Филипче.

Министерот информираше дека денеска се враќа во функција одделението за офталмологија при интерните клиники, а од утре и одделението за оториноларингологија. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе