Филипче: Славите поминете ги само со најблиските, да не се групираме по домовите

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел до граѓаните да не се групираат на масовно славење на претстојните слави и празници.

„Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на COVID-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас“, напиша Филипче на Facebook.

Бројот на активни случаи на COVID-19 во државава достигна 14.661, откако вчера беа регистрирани уште 1.285. Ширум клиниките и болниците се хоспитализирани над 900 лица.

Како што информираа вчера од Министерството за здравство, новозаболените 1.285 се од направени 3.404 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија уште 14 лица, а оздравеа 176. Од новорегистрираните најмногу – 522 - се во Скопје, каде има и најмногу активни случаи – 6.732.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе