ФК Тиквеш денеска слави 93 години од формирањето

Филип Здравески
/ 21.12.2023 / 14:03

Фудбалскиот миленик на кавадарчани е формиран на денешен ден во 1930 година.

На 21 декември во 1930 година група млади кавадарчани се собрале во ресторанот „Балкан“ и го формирале ФК Тиквеш. За прв претседател на новоформираниот клуб бил избран Славчо Темков, а Тодор Јанакиев бил избран за секретар.

Тиквеш во 1933 година

Во своите рани почетоци Тиквеш бил во сенка на веќе етаблираните кавадаречки клубови Занаетчиски, Љубаш и Југославија. Работите се промениле по Втората светска војна кога Тиквеш станал гигант од Кавадарци и воедно најголемиот и најпознатиот фудбалски клуб од Лозарскиот регион.

Тиквеш во доцните 60-ти

Во својата долга историја Тиквеш двапати ја има освоено Републичката лига на СР Македонија (1971/1972 и 1977/1978), а по независноста со години бил стабилен прволигаш пред да се случи падот на почетокот од 2000-тите. Потоа еднаш ја освоил 2.МФЛ (2001/2002) и еднаш 3.МФЛ Југ (2009/2010).

Тиквеш во сезоната 1992/1993, прва во независна Македонија

Тиквеш денес повторно е прволигаш со амбиции за излез во фудбалска Европа.

Од 1993 година клубот го организира најпознатиот турнир во државава - „Вуко Каров“, кој го има освоено двапати (2011 и 2023). Турнирот е во чест на легендата на кавадаречкиот фудбал - Вуко Каров, но и тиквешките легенди како Ангел Кимов, Блажо Малинков, Глигор Тотов, Боро Клашев итн.

Тиквеш во тековнава сезона
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе