Флик по поразот на Баерн: Самите сме виновни

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик ѝ честиташе на Борусија Менхенгладбах за синоќешниот триумф од 3:2.

Баерн добро го отвори натпреварот во Менхенгладбах и по 26 минути игра имаше водство од 2:0, пред домаќините да направат целосен пресврт, прекинувајќи ја својата серија од четири натпревари без победа.

-Ривалот беше поефективен и ги казни нашите грешки. Игравме добро во почетните 30 минути и го диктиравме темпото, но уследија неколку наши грешки во транзицијата од одбрана во напад што домаќините го искористија на најдобар можен начин. Поразите се дел од играта, а за овој пораз самите сме виновни, оцени Флик.

За Баерн ова е втор пораз сезонава во Бундеслигата и прв во сите натпреварувања од 27 септември минатата година кога загуби од Хофенхајм.

„Баварците“ останаа првопласирани во Бундеслигата со 33 бодови од 15 натпревари, но второпласираниот Лајпциг со евентуален триумф попладнево против Борусија Дортмунд може да симне актуелниот шампион од лидерското место.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе