ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Флик: Ситуацијата е тешка и затоа нема да барам нови играчи

Тренерот на Баерн откри дека клубот нема да се засилува зимава поради финансиската криза предизвикана од пандемијата.

Ханси Флик јавно соопшти дека минхенски Баерн овој преоден рок нема да се засилува, а најави дека е можно еден до двајца играчи и да си заминат.

„Дозволете ми да ви кажам јасно и гласно: моменталната ситуација ги погодува сите клубови во светот. Не е лесно со коронава. Сакам да бидам јасен: Немам намера да барам нови играчи. Ја знам ситуацијата во Баерн; знам дека е прилично тешка во моментов“, рече Флик.

„Тимот кој го имаме на располагање е оној кој ќе го имаме и до крајот на сезоната“, потврди тој, ставајќи крај на сите шпекулации кои поврзуваа разни играчи со баварскиот гигант.

Затоа, пак, додаде дека постои веројатност еден или двајца играчи да си заминат, а со тоа да се олесни и клупскиот буџет.

„Не сум сигурен дали еден или двајца ќе си заминат. Има одредени работи за кои се разговараше, но моментално имаме навистина добар квалитет во нашиот тим и не верувам дека нашите потцртани цели се загрозени“, изјави Флик без да соопштува имиња.

Баерн вечерва од 20:30 часот игра дерби натпревар со Борусија на гости во Менхенгладбах во обид и по 15. коло да ја задржи лидерската позиција на табелата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе